Манчини: Италија ќе игра на СП во Катар и ќе го освои!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот селектор Роберто Манчини е разочаран затоа што не обезбедиле директен пласман на Светското првенство (СП) во Катар, но смета дека тие ќе заиграат на Мундијалот и ќе го освојат.

Италија одигра реми против Ирска, додека Швајцарија ја реши Бугарија и така ги скокна „аѕурите“ на првата позиција на табелата.

„Имавме шанса да ги завршиме квалификациите пред натпреварот со Северна Ирска. Ремито со Бугарија беше клучно, тоа се случи во септември кога нашите играчи не беа баш најдобро спремни. Ниту двата промашени пенали со Швајцарија не ни одеа во прилог. Сепак, јас сум сигурен во пласман на СП преку баражот. А знам и дека ќе го освоиме Мундијалот“, изјави Манчини.