Манчини ја крена на нозе цела италијанска јавноста поради објава за ковид-19 ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот селектор Роберто Манчини направи еден непромислен потег и предизвика голема бура од реакции на социјалните мрежи, поради една фотографија која ја објави на неговиот Инстаграм.

Манчини објави слика на која главна тема беше ковид-19, поради кој во Италија починаа повеќе од 200 лица во последните два дена, а тоа ги налути навивачите.

На фотографијата може да се забележи доктор и пациент кои разговараат. Докторот го прашува како се заразил, а тој му одговара „гледајќи вести“.

По големата бура во итлијанската јавност, Манчини реши да го оправда неговиот потег и да се извини на јавноста затоа што немал намера некого да навреди.

„Објавив фотографија на која изгледаше дека се вади драма од сложениот момент. Не постоеше никаква порака или нешто слично. Немав намера да навредам или да не почитувам некого. Ако така изгледа, тогаш јас ви се извинувам“, кажа Манчини.