Манчини ќе ја нападне Македонија во идентичен состав со кој го освои ЕП (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот селектор Роберто Манчини се подготвува за мечот против Македонија, кој е закажан задутре во Палермо во полуфиналето на баражот за пласман на Светското првенство (СП).

Единствена дилема за Манчини е тоа кој ќе игра во дефанзивата покрај Џорџо Кјелини, односно далии тоа ќе биде Алесандро Бастони, Франческо Ачерби или Џанлука Манчини.

Познатите италијански медиуми „Кориере дело Спорт“ и „Газета дело Спорт“ ги објавија своите прогнози за можен состав на Италија во мечот против Македонија.