Манчини: Ќе мора да внимаваме, Македонија нема да ни даде простор!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот селектор Роберто Манчини кажа дека Италија мора да биде фокусирана на теренот и да оди според нејзиниот план бидејќи Македонија е незгоден противник, кој нема да им даде многу простор.

Манчини кажа дека Македонија е одлична репрезентација која знае како да се брани, па не очекува лесен меч за неговата репрезентација.

„Мислам дека утре мечот нема да биде решен во краток период, затоа што Македонија знае како да се брани и има добри техничк квалитети. Тие ја победија Германија, а не мора да бидеме смрени и да го следиме нашиот план. Македонија нема да ни даде многу простор за игра, зашто знае да се одбрани, па ние мора да бидеме трпеливи и да внимаваме“, кажа Манчини.