Манчини: Момците се фантастични, секогаш треба и малку среќа!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Селекторот на италија, Роберто Манчини беше горд на својот тим по триумфот во финалето на Европското првенство против Англија.

„Аѕурите“ вчера станаа европски шампиони откако во Лондон на „Вембли“ ги победија Англичаните по пенал-рулетот.

„Гордиот Албион“ постигна гол за водство во втората минута, но Леонардо Бонучи израмни во 67. минута, по што на продолженија немаше голови, а на пенали херој беше Џанлуиџи Донарума.

„Момците беа фантастични. Немам зборови. Знаевме дека ќе биде тешко, рано примивме гол и се мачевме на почетокот, но во продолжение од дуелот доминиравме. Во пенал серијата ни требаше и малку среќа“, вели Манчини.