Манчини по поразот на Италија: Шпанија заслужено нè победи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италија загуби од Шпанија со 1-2 во полуфиналето на Лигата на нации, а по натпреварот селекторот Роберто Манчини го призна поразот.

Манчини кажа дека имале друг план, но не го реализирале на теренот и Шпанија заслужено се пласирала во финалето.

„Шпанија заслужено победи во мечот, иако доцна постигна гол. Ние игравме различно од нашиот план и тоа скапо нè чинеше“, кажа Манчини.

Италија в недела од 20.45 часот ќе се соочи против Холандија за третото место во Лигата на нации.