Манчини: Сакаме да бидеме светски шампиони, меѓутоа мора прво да ја совладаме Македонија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Селекторот на Италија, Роберто Манчини е подготвен за натпреварот против Македонија во полуфиналето на баражот за пласман на Светско првенство (СП) во Катар, кој се игра в четврток од 20.45 часот.

Манчини има сериозни проблеми во одбраната, но кажа дека владее оптимизам во неговата соблекувална пред мечот против Македонија.

Победникот од овој натпревар ќе се соочи на 29 март против поуспешниот од средбата меѓу Португалија и Турција.

„Наша цел е да играме и да го освоиме Светското првенство, но претходно мора да победиме на натпреварите од баражот, и тоа прво против Македонија“, кажа Манчини на почетокот на подготовките за мечот.