Манчини: Во мисли ми е само – Македонија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот селектор Роберто Манчини е разочаран затоа што не обезбедиле директен пласман на Светското првенство (СП) во Катар следната година, па сега ќе мора преку баражот да се борат за место меѓу најдобрите.

Прв предизвик за аѕурите е Македонија во Палермо во полуфиналето на баражот, а Манчини е оптимист пред натпреварот и смета дека ќе изборат пласман на Мундијалот.

„Мислам дека се опуштивме со освојување на титулата на Европското првество, па затоа не бевме добри во квалификациите за Мундијалот. Сепак, шанса постои и јас сум оптимист. Треба да сме фокусирани и верувам дека ќе одиме во Катар“, кажа Манчини.

Натпреварот меѓу Италија и Македонија се игра во Палермо на 24 март и тоа ќе биде голема шанса за репрезентацијата на тренерот Благоја Милевски.