Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
„Индипендент“ пренесува дека Марио Манџукиќ во јануарскиот преоден рок би можел да стане нов играч на Манчестер Јунјатед.
„Ѓаволите“ го посакуваа хрватскиот фудбалер и во летниот преоден рок, но тогаш не се договорија затоа што Манџукиќ повеќе сакаше да остане во Торино.
Сепак откако стана јасно дека тој не е во плановите на Маурисио Сари тој наводно се согласил за трансфер на Островот во јануари. Токму затоа тој ја одбил понудата која стигнала од Катар и ќе остане во Јувентус на трибините до јануари кога ќе го комплетира трансферот во Манчестер Јунајтед.















