Манџукиќ пристигна на тестови во Милано! 🎥


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ ги почна медицинските тестови и доколку поминат во најдобар ред, тогаш тој ќе стане нов фудбалер на Милан.

Хрватот пристигна уште вчера во Милано, а утрово се одржуваат медицинските тестови, по што Манџукиќ треба да потпише договор до крајот на сезоната со Милан и сигурно ќе биде големо засилување за „росонерите“.

Милан сезонава се бори за титулата во Серија А, а во моментов е лидер на табелата пред Интер.