Манџукиќ се враќа во Италија, ги шокира навивачите на Јувентус со изборот на следниот клуб?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марио Манџукиќ наскоро би можел да потпише договор со својот нов клуб, а тоа, според италијанските медиуми, ќе биде Интер.

Имено, Манџукиќ е слободен играч и може да преговара со заинтересираните клубови, а наводно еден од нив е Интер.

Хрватот ги мина последните седум месеци во катарскиот Ал Духаил, но реши да се врати во Европа затоа што не е задоволен од квалитетот на фудбалот одигран во Катар.

Тие го гледаат Манџукиќ во Интер како замена за Лукаку, но тој би можел да игра и во првиот тим доколку Лаутаро Мартинез го напушти клубот.

Ова би било многу шокантен потег на Марио Манџукиќ за навивачите на Јувентус, затоа што тој играше во нивниот клуб четири години, а тој беше нивниот омилен играч.