Манџукиќ си замина од Милан 📸


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ не го продолжи договорот со Милан и денеска се збогуваше со вицешампионот на Италија.

Манџукиќ пристигна во јануари како слободен фудбалер и потпиша договор со Милан до крајот на сезоната, со опција да му биде продолжена соработката на уште една година.

Напаѓачот се соочи со многу повреди и не им помогна премногу на неговите соиграчи, па поради тоа си замина од клубот.

„Беше чест да се игра за Милан. Им благодарам на директорите кои ми ја дадоа оваа шанса, на играчите кои се одлични момци. Среќен сум што успеавме да се пласираме во ЛШ и што помогнав во тоа. Му посакувам на клубот се најдобро во иднина“, напиша Манџукиќ.