Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Садио Мане би требало наскоро да стане нов фудбалер на Реал Мадрид. Барем така тврди поранешниот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Сисоко, кој смета дека и Мохамед Салах ќе замине од „Енфилд“.
Сисоко, кој настапуваше во Ливерпул од 2005 до 2008 година, вели дека Ливерпул го водат паметни луѓе и знаат како да ги заменат и двајцата фудбалери во составот.
„Мане го гледам во Реал Мадрид. Тој има карактеристики кои Зинедин Зидан ги сака и верувам дека ќе го купат. Не знам дали Салах ќе остане, но сметам дека неговото заминување ќе биде добро за тимот. Ливерпул го водат паметни луѓе и знаат како да го заменат“, вели Сисоко.