Мане за инцидентот со Сане: Имаме тешка сезона зад нас!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Напаѓачот на Баерн Минхен, Садио Мане за првпат зборуваше за инцидентот со Лирој Сане, со кој се степа во соблекувалната по поразот од Манчестер сити во четвртфиналето од Лигата на шампиони (ЛШ).

Баерн го казни Мане со 500.000 евра поради тепачката, а подоцна Сане бараше од управата да му го раскине договорот.

„Такви работи се случуваат меѓу фудбалерите. На крајот го решивме тоа. Сега сè е зад нас, ќе се бориме заедно за да му помогнеме на тимот да ги оствари посакуваните цели за следната сезона. Оваа сезона беше тешка и не ме изненади“, кажа Мане.