Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската фудбалска репрезентација ги почна подготовките за следните два меча во квалификациите за Европското првенство.
Македонија на 9 септември ќе ја пречека Италија во Скопје, а Јован Манев вели дека не се плашат и ќе дадат сè од себе против фаворитот.
„Играме против Италија која е една од најдобрите во светот. Се надеваме на позитивен резултат и ќе го дадеме максимумот на теренот. Одиме чекор по чекор и се надеваме дека ќе оствариме добар резултат“, вели Манев.
Натпреварот е закажан за сабота од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“.