Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Диего Марадона беше закопан во присуство на неговото најблиско семејство и пријатели во Буенос Аирес.
Иако поради епидемиолошките мерки, жителите на Буенос Аирес беа замолени да останат дома, сепак тие го следеа фудбалскиот бог до гробиштата со илјадници автомобили и мотори.
Телото на Марадона беше претходно изложено во претседателската палата, пред која се создаде километарски ред и се шпекулира дека имало над милион луѓе кои сакале да се збогуваат со поранешниот фудбалер.
Во еден момент се создаде и тепачка меѓу граѓаните и полицијата, поради тоа што некои беа нетрпеливи да го видат фудбалскиот бог.
Марадона почина во средата од срцев удар на 60-годишна возраст.