Марадона го остварува сонот – ќе преземе шпански клуб?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона следниот ангажман би можел да го добие во Шпанија.

Иако неодамна ја промени одлуката и остана на клупата на Гимназија, не е исклучена можноста во следните недели да се пресели во Шпанија.

„Марка“ пишува дека 59-годишниот Марадона е во конкуренција да го преземе Елче, кој се натпреварува во втората лига, а зад целата приказна стои аргентинскиот бизнисмен Кристијан Брагарник, кој наскоро би требало да се договори со поранешниот фудбалер.

Во прилог на Елче му оди и тоа што Марадона во минатото кажа дека сака еден ден да води шпански клуб.

Во текот на кариерата, Марадона играше во Шпанија за Барселона и Севилја.