Марадона го „пецна“ Меси: Би сакал да игра за Наполи, но никогаш нема да биде како мене!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона смета дека неговиот сонародник Лионел Меси би бил одличен ако заигра во Наполи, но никогаш нема да биде добар како него.

Марадона играше за Наполи од 1984 до 1991 година и освои два трофеи во Серија А, Копа Италија и Купот на УЕФА.

Меси не се прослави со Барселона на гостувањето во Неапол (1-1), а легендарниот Марадона веднаш реши да го „пецне“.

„Стигна во Неапол кога е при крај на кариерата. Меси би можел да заигра за Наполи, би сакал да имаат фудбалер од таков ранг, но тој никогаш нема да биде како мене. Никогаш нема да го доживее тоа што сум го искусил“, порача Марадона.