„Марадона ми испрати полн куфер со пари, требаше само да потпишам…“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лотар Матеус, поранешниот репрезентативец на Германија, призна дека имал понуда од Диего Армандо Марадона да се пресели во Наполи.

Матеус даде интервју за германски „Билд“ во кое опиша како Марадона се обидувал да го украде од Баерн Минхен по Светското првенство во 1986 година.

„Марадона во Германија испрати делегација од Неапол во Минхен. Бевме во еден ресторан, кој беше затворен во сабота, но отворен само поради нашиот состанок. кога се вратив од Келн во 21 часот, ме чекаше торба полна со пари“, кажа Матеус.

Наполи за првпат таа сезона стана шампион на Италија, а Матеус две години потоа се пресели во Серија А, но не во екипата од Неапол, туку во Интер.