Мареј откри што не му успеало во соработката со Ѓоковиќ


Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ ја завршија соработката пред околу 2,5 месеци, но деталите сѐ уште излегуваат на површина. Единствениот двократен олимписки шампион во тенисот, откри во интервју за „Тениски ментор“ уште некои моменти од работата со најдобриот тенисер на сите времиња.

– Кога работите со ас од неговото ниво, јасно е дека се гледаат вашите доблести, но и слабости како тренер – истакна Британецот. – Понекогаш Ѓоковиќ бараше технички совети, а јас не се снаоѓав најдобро во такви ситуации.

За Мари веројатно нема тајни во техниката, но понекогаш на такви тренери им е проблем како да го пренесат своето знаење на својот ученик. Такво нешто бара многу искуство.

– Мислам дека по тоа прашање тренерите кои работат со млади играчи се поквалитетни од многу тренери на Тур – објаснува поранешниот број 1. – Бидејќи кога тенисерот има 20 или 22 години, вие повеќе не се трудите да му ја промените играта и техниката. Тогаш се работи на некои ситници. Затоа, ако повторно работам како тренер, ќе морам многу да научам на таа тема. Ќе морам тоа да го научам од некој кој е многу добар во тоа.

Ако кариерата на тренер ја започна неочекувано брзо, само неколку месеци по пензионирањето, и тоа со рекордерот во бројот на грен слем титули, Мари сега планира поинаку.

– Веројатно во иднина ќе работам со некој млад тенисер и ќе се обидам да влијаам на него од раните денови. Ќе се обидам да помогнам на британските играчи, ако сакаат.

Фото: Принтскрин