Мареј по разделбата сo Ѓоковиќ се посвети на друг спорт


Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓


Кратко траеше соработката меѓу Новак Ѓоковиќ и Енди Мари. Британецот од пред три дена официјално повеќе не е тренер на најдобриот тенисер во историјата и Србинов започнува ново поглавје во сезоната во која го бара стотиот пехар во кариерата.

Додека се шпекулира дека во продолжение на кариерата по играчките денови Енди Мари би можел да го води сонародникот Џек Дрејпер или Ема Радукану, тој полека се посветува на нова работа надвор од тенисот.

Пред неколку недели Енди Мари официјално стана дел од тимот „Калоуеј“, инаку познатата марка на опрема за голф и во меѓувреме имаше и едно од првите снимања кога станува збор за промоција.

Фото: Принтскрин