Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Енди Мареј призна дека очекувањата од соработката со Новак Ѓоковиќ беа поголеми.
– Поминавме неколку многу убави моменти надвор од теренот, но резултатите не беа какви што посакувавме, иако се трудевме – ги пренесува „Би-Би-Си“ неговите зборови.
Единствениот двократен олимписки шампион во историјата на тенисот, вчера беше гостин во Квинс клубот во Лондон каде беше инаугуриран Централниот терен со неговото име. Квинс оваа година, по полувековна пауза, е домаќин и на женски турнир, а токму неговиот почеток беше искористен за оваа церемонија. Мари е рекордер на Квинс со пет титули.
Фото: Принтскрин