Мареј: Нема да удирам по Ѓоковиќ додека лежи на подот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новите вести во случајот на Новак Ѓоковиќ ги коментираше и Енди Мареј, трикратниот освојувач на гренслем-титула и поранешен прв тенисер на АТП-листата.

Ѓоковиќ остана без виза за влез во Австралија, а без неа не може да настапи на турнирот, кој го освои дури девет пати во минатото.

„Ситуацијата не е добра, но нема да удирам по Ѓоковиќ додека лежи на подот. Кажав пред некој ден дека ова на никого не му оди во прилог. Жално е што вака завршува, но кој знае што следи во овој процес. Не знам кој е неговиот пат, можеби ќе се жали. Секако, би сака да се реши во корист на сите. Но ова трае премногу долго. Не е добро ниту за тенисот, ниту за Австралијан опен, ниту за Ѓоковиќ, ниту за власта“, кажа Мареј.