Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Британскиот тенисер Енди Мареј кажа дека одлуката да му се забрани учество на Новак Ѓоковиќ на Австралијан опен не е добра за никого.
Мареј, исто така, зборуваше и за притворот во кој заврши Ѓоковиќ и кажа дека првиот тенисер во светот не заслужил таков третман.
„Тоа не е добро за турнирот, зашто подобро е кога сите најдобри тенисери учествуваат. Очигледно ќе има многу прашања за тоа што се случило“, кажа Мареј.
Судиите едногласно ја одбија жалбата на Ѓоковиќ за укинување на визата, па тој ќе биде депортиран и нема да ја брани титулата.
„Ѓоковиќ го познавам од 12 години, го почитувам и играв против него. Не ми се допаѓа што е во ваква ситуација и што беше во притвор. Оваа ситуација не е добра за никого. Се надевам дека тоа нема да се случува на останатите турнири и нема да се повторува оваа драма“, кажа британскиот тенисер.