Мареј се изнервира: Кога ѝ да загубам, ме праќаат во пензија!


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Британскиот тенисер Енди Мареј ја оствари првата победа на АТП-турнирите по Ју-Ес опен минатата година.

Мареј славеше со пресврт против тенисерот од Холандија, Роби Хаасе.

„Играв два ипол часа и немав проблеми. Не почуствував ништо. Секој пат кога ќе загубам, ме праќаат во пензија. По секој пораз ми велат дека треба да се пензионирам, дека треба да престанам да играм. Тешко ми е, играм со метален колк. Сите се сомневаат во мене и не е лесно“, кажа Мареј.