Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Британскиот тенисер Енди Мареј реши да ја пропушти сезоната на земја оваа година, а главна причина за тоа е да го намали ризикот од нови повреди.
Трикратниот освојувач на гренслем-титули кажа дека не планира да игра оваа сезона на Ролан Гарос, зашто здравјето му е приоритет.
„Не планирам да играм на земја оваа сезона. Во последните две години имав проблеми со повреди. На почетокот на минатата година имав физички проблеми. Сакав да играм, но направив грешка. Нема да играм годинава ниту на Ролан Гарос, зашто не сакам да ризикувам нова повреда“, вели Мареј.
Мареј играше финале на Ролан Гарос во 2016 година, кога во финалето по четири сета го совлада Новак Ѓоковиќ, а во моментов се наоѓа на 102. позиција на АТП-листата.