Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Тренерот на Челси, Енцо Мареска се обиде да го омаловажи успехот на Јужноамериканците на Светското клупско првенство, но набргу доби брутален одговор.
Имено, пред полуфиналето во кое ќе се сретнат Челзи и Флуминенсе, Италијанецот зборуваше за заморот на своите фудбалери поради исклучително напорната сезона.
– Настапивме на 63 натпревари оваа сезона! Европските тимови на ова првенство доаѓаат во различна состојба во однос на Јужноамериканците, вклучувајќи го и Флуминенсе. Условите се различни, ние имаме повеќе натпревари. Колку натпревари вие одигравте? – беше прашањето на Мареска упатено до сите на конференцијата за медиуми, а веднаш следуваше одговор од еден новинар:
– Флуминенсе одигра 70 натпревари, во истиот период како и вашиот клуб – гласеше одговорот.
Мареска немаше вистински аргументи, но само додаде дека европските клубови не ја имаа едномесечната пауза како клубовите од Јужна Америка.
🚨 НЕВЕРОЈАТНО!
— Polymarket FC (@PolymarketFC) July 7, 2025
Мереска: “Имаме одиграно 63 натпревари оваа сезона! Европските тимови на ова натпреварување доаѓаат поинаку отколку јужноамериканските тимови. Условите се различни…”
Новинар: “Флуминенсе одигра 70 натпревари оваа сезона, во истиот период.”
😂
pic.twitter.com/XxCgIttrnW
Фото: Принтскрин