Мареска ги откри позициите на сите фудбалери во офанзивниот дел на Челси


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Челси немаше најдобар почеток на сезоната во Премиерлигата, а тренерот Енцо Мареска сè уште се обидува да најде победничка формула со која ќе почне да освојува нови бодови.

Мареска во меѓувреме вели дека ги решил дилемите во офанзивниот дел на Челси, односно ги одредил позициите на дел од фудбалерите.

Џејдон Санчо и Михајло Мудрик ќе играат како лево крило, Педри и Нони Мадуеке се десно крило, „десетката“ им припаѓа на Кол Палмер и Жоао Феликс, додека во нападот ги има Николас Џексон и Кристофер Нкунку.