Мареска искрен: Ако сакаат некои фудбалери да играат повеќе, треба да заминат!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Челси има над 40 фудбалери кои се подготвени да играат за првиот тим, но тренерот Енцо Мареска избра 21 играч на кои ќе смета во новата сезона.

Новинарите ги интересираше каква е иднината на Рахим Стерлинг и Бен Чилвел во Челси, но Мареска даде јасен одговор.

„Сега тренираат одделно. Имаме одличен тим и невозможно е сите да добијат минутажа. Ако сакаат да играат повеќе, тогаш треба да заминат. Стерлинг не е лош фудбалер, но сакам поинаков тип на крило. Дали е ова сурово? Мислам дека не е така, јас сум само искрен“, кажа Мареска.