Мареска полуде – што е со исклучувањата на Челзи?


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Челзи го победија Вулверхемптон на гости со резултат 4:3 во Лига купот, но во центар на вниманието е новиот црвен картон за „сините“.

Верувале или не, во последните девет натпревари, Челзи заработи дури шест исклучувања. Овојпат црвен картон доби Повратникот Лиам Делап, кому ова му беше прв натпревар по два месеци. Енцо Мареска го критикуваше својот напаѓач поради глуп фаул за вториот жолт картон.

„Апсолутно заслужено исклучување. Беше глупав фаул, можевме да го избегнеме, така што тоа не е добро. По жолтиот картон му кажав на Делап сигурно 4,5 пати да се смири и да внимава. Но, Лиам е играч кој кога е на терен, е фокусиран на играта и понекогаш не е способен да слуша што му се кажува”, рече Мареска. 

Инаку, да потсетиме, ова се исклучувањата на Челзи:

Роберт Санчез против Јунајтед, Чалоба против Брајтон, Жоао Педро против Бенфика во Лигата на шампионите, Мерескапротив Ливерпул, Мало Густо против Форест, Делап против Вулвс. Единствените три натпревари каде што го завршија мечот со 11 играчи се против Линколн, Ајакс во ЛШ и Сандерленд.