Мареска протера тројца фудбалери од првиот тим на Челси


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Новиот тренер на Челси, Енцо Мареска има јасен план за неговите фудбалери, но и за тие кои нема да добијат шанса во првиот состсав.

Мареска протера тројца фудбалери од првиот тим, а тоа се дефанзивецот Тревор Чалоба, но и напаѓачите Армандо Броја и Ромелу Лукаку.

Тројцата се исклучени од екипата и нема да тренираат со останатите фудбалери на премиерлигашот, односно веќе се работи на нивни трансфери.

Лукаку треба да замине во Наполи, додека за Броја имаше интерес од Премиерлигата, а засега нема понуди за Чалоба.