Мареска „суспендира“ фудбалер на Челси со цел да го избрка од клубот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека тренерот на Челси, Енцо Мареска решил да го „суспендира“ Конор Галагер кој одби претходно да замине од премиерлигашот.

Галагер има договор со „сините“ до 2025 година, а веќе одбил две понуди да ја продолжи соработката, но не сакал ниту да се пресели во Астон вила, па поради тоа Мареска реши да преземе нов потег.

Челси во изминатите денови прифати понуда од 33 милиони фунти од Атлетико Мадрид, а Мареска со цел да го избрка Галагер реши да го исфрли од првиот тим.

Премиерлигашот сака да избегне уште еден случај како што имаше со Антонио Рудигер, кој бесплатно си замина од гигантот.