Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Нешто повеќе од седум дена пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата, пристигнаа многу лоши вести за сите во Челси.
Екипата на Челси под водство на Енцо Мареска минатата сезона ја освои Конференциската лига и Светското клупско првенство.
Покрај тоа, Мареска успеа да ја исполни и главната цел која му беше поставена, а тоа е враќање на клубот во Лигата на шампионите.
Пред почетокот на новата сезона, за сите во Челси пристигнаа многу лоши вести, а се работи за повреда на еден фудбалер.
Имено, дефанзивецот Леви Колвил беше опериран откако претрпе повреда на лигаментите.
“Дефанзивецот Леви Колвил беше успешно опериран откако претрпе повреда на лигаментите.
Се врати на тренинзи претходно оваа седмица, но доживеа несакана повреда за време на тренингот.
Потврдено е дека ќе биде потребна операција која и беше извршена.
Леви ќе го започне својот процес на опоравување”, стои во објавата на Челси.
Фото: Принтскрин