Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешната најдобра тенисерка во светот, Марија Шарапова би можела да ја прекине пензијата и наскоро да му се врати на спортот.
Русинката ја прекина кариерата пред повеќе од три години, а во меѓувреме стана и мајка, но сега потврди дека почнала со тренинзи.
„Се враќам со редовните тренинзи и повторно вежбам, во здравото тело има здрав ум“, објави Шарапова.
Шарапова има 36 години, но тоа не мора да значи ништо затоа што и нејзината голема ривалка Серена Вилијамс на таа возраст се врати на тенисот.