Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Марио Илиевски, македонскиот фудбалер, ја заврши својата авантура во бугарскиот ЦСКА и кариерата ја продолжува во косовското првенство, облекувајќи го дресот на тимот на Приштина.
Фудбалскиот клуб Приштина официјално го претстави 23-годишниот напаѓач како нивно ново засилување. Потенцираа дека тој ќе биде значаен за остварување на амбициозните цели на тимот. Договорот е завршен, но клубот не открива колку долг е договорот ниту финансиските услови.
Илиевски изрази задоволство и оптимизам по доаѓањето во новата средина и настапите за Приштина.
„Многу сум среќен што дојдов во клуб како Приштина. Се работи за тим со традиција и високи цели, и горд сум што ќе бидам дел од тоа. Ќе дадам сè од себе на секој натпревар за да ја оправдам довербата“, изјави македонскиот фудбалер.
Фото: FC Prishtina