Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Осман Дембеле, младата ѕвезда на Барселона, ќе паузира пет недели поради повреда. Аматерски и несериозно се однесуваше 22-годишниот фудбалер, кој не ја пријавил повредата на медицинскиот тим.
Дембеле почуствувал непријатност, но не сакал на никој да му каже ништо и почнал да тренира. По 20 минути застанал поради болки, а повредата најверојатно можела да се спречи, доколку кажел на време.
Најлошо е тоа што заминал во Сенегал, кадешто луѓето од клубот не можеле веднаш да видат што се случува со ѕвездата, па поради тоа управата му е лута на Дембеле, кој го плати 125 милиони евра пред две години од Борусија Дортмунд.
Ерик Абидал, директорот на Барселона и нивниот поранешен фудбалер, имал состанок со менаџерот Дембеле, Муса Сисоко.
„Марка“ објави дека Абидал покажал разочарување поради аматерскиот чин на Французинот, а многумина веруваат дека Дембеле нема никогаш да се смени.