„Марка“: Барселона се договори, доаѓа големо засилување во Каталонија!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Најчитаниот шпански медиум „Марка“ објави дека Барселона се договорила да го ангажира Мемфис Депај, кој беше голема желба на тренерот Роналд Куман во претходниот преоден рок.

Депај има 27 години и игра одлично во дресот на Лион и репрезентацијата на Холандија, но од следната сезона најверојатно ќе го носи дресот на каталонскиот гигант.

Барселона ќе го добие Депај целосно бесплатно затоа што неговиот договор завршува на крајот на сезоната, а „Марка“ пишува дека фудбалерот инсистира да потпише за Каталонците.

Куман од преземањето на Барселона го бараше Депај, ама управата не му ја исполни желбата затоа што имаа финансиски проблеми и не можеше да плати отштета за трансфер.