Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона се помири со тоа дека Филипе Кутињо нема да биде продаден летово, ако може да се верува на „Марка“ и трансферот пропаднал во моментот кога заврши преодниот рок во Англија.
Каталонците се убедени дека само во Премиерлигата има клубови кои би сакале да го купат, па поради тоа решија Бразилецот да остане на „Камп Ноу“ до јануари.
Кутињо остави длабока трага во Премиерлигата, а тоа е уште една од причините поради кои го посакуваат клубови од Островот. Во Ливерпул беше одличен, но во Барселона не се прилагоди најдобро и поради тоа се поврзува со заминување.
Бразилецот во Барселона досега одигра 76 меча, а притоа постигна 21 гол и 11 асистенции, што е многу слабо во споредба со тоа што се очекуваше.