„Марка“ ги објави фудбалерите кои ќе заминат од Реал Мадрид (ФОТО)


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Реал Мадрид спектакуларно го почна летниот преоден рок со ангажирање на неколку звучни имиња, а сигурно најголемо засилување досега беше Еден Азар.

„Кралевите“ сакаат да направат големи проблеми во екипата по сезоната во која не освоија речиси ништо. Тренерот Зинедин Зидан даде до знаење дека некои работи мора да се променат во екипата.

По неколку потврдени трансфери во Реал, сега се очекува и продажба на фудбалери. На трансфер-листата се наоѓаат многу звучни имиња, меѓу кои се Герет Бејл, Хамес Родригез, Иско, Матео Ковачиќ…

„Марка“ објави како изгледа составот на Реал од фудбалерите на кои Зидан нема да смета, а тој навистина изгледа импресивно затоа што таму се наоѓаат Кејлор Навас, Начо, Валјехо, Тео Ернандез, Лукас Васкез, Љоренте, Иско, Ковачиќ, Бејл, Де Томас, Мариано, Хамес.