„Марка“ го објави освојувачот на „Златната топка“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На 28 октомври во Париз ќе биде доделена престижнта награда „Златна топка“, а според шпанска „Марка“ признанието ќе го добие фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор.

Бразилецот имаше неверојатна сезона во дресот на „кралевите“ и ќе ја добие првата „Златна топка“ во кариерата.

Винисиус во кариерата постигна 86 голови и 80 асистенции во 272 настапи за „кралскиот клуб“, а двапати ја освои Лигата на шампиони (ЛШ) и три пати пехарот во Ла Лига.

Зад него ќе завршат Џуд Белингам од Реал Мадрид и Родри од Манчестер сити, пишува шпанска „Марка“.