Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тренерот на Евертон, Карло Анчелоти ќе биде нов предводник на Реал Мадрид, барем така пишува шпанска „Марка“, која ги следи случувањата на поранешниот шпански шампион.
Реал би можел во текот на денот да ја потврди информацијата дека Анчелоти ќе седне на кормилото на клубот во кој беше од 2013 до 2015 година и освои неколку трофеи.
„Кралевите“ бараат тренер откако Зинедин Зидан го напушти „Сантијаго Бернабеу“ бидејќи сметаше дека ја загубил довербата кај претседателот Флорентино Перез.
Во конкуренција за нов предводник на „кралскиот клуб“ се уште и Маурицио Покетино, Антонио Конте и Раул.
Италијанецот година ипол е тренер на Евертон, со кој потпиша договор до 2024 година, но би можеле да се разделат многу порано.
BREAKING: Carlo Ancelotti will be the new Real Madrid manager. (Marca) pic.twitter.com/fAS6WXsYSl
— SPORTbible (@sportbible) June 1, 2021