Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот магазин „Марка“ пишува дека францускиот напаѓач Килијан Мбапе донесе конечна одлука за неговата кариера и сака да го напушти ПСЖ, а како негова следна дестинација се споменува Реал Мадрид.
Најчитаниот спортски магазин пишува дека напаѓачот го известил раководството на парижаните дека нема да го продолжи договорот и дека е време за нови предизвици во кариерата.
Тренерот Маурицио Покетино, наводно, разговарал со Мбапе и му кажал дека нема да го форсира да замине летово од тимот, но не планира да остане во Париз повеќе од 2022 година.
ПСЖ ќе се обиде да го продаде Мбапе за да не го загуби целосно бесплатно, а интерес за неговите услуги покажаа Реал Мадрид и Ливерпул, па се шпекулира дека тимот од Париз ќе бара околу 160 милиони евра.