„Марка“: Мбапе постигна договор со Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Килијан Мбапе веќе решил каде ќе игра следната сезона, а тоа е Реал Мадрид, откако двете страни постигнале договор минатата недела, открива шпанска „Марка“.

Неколку месеци по ред се шпекулираше дека Мбапе ќе се пресели во Мадрид, по што се појави притисок врз Французинот од страна на францускиот претседател Емануел Макрон, а потоа и од самиот клуб поради неговиот брат.

Тактиката на претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез беше многу едноставна, тој ги почитуваше желбите на фудбалерот, па чекаше во „сенка“ и искористи важни луѓе за да потпише со Французинот.

Денеска или утре Мбапе треба да пристигне во Мадрид, по што треба да бидат отстранети сите дилеми за неговата иднина.