„Марка“: Меси не го заборави предавството на Лапорта и нема да се врати во Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси конечно влезе во одлична форма и игра на високо ниво, откако минатата сезона ги разочара сите со настапите во ПСЖ.

Шпанските медиуми пишуваа дека Меси ќе се врати во каталонскиот гигант по крајот на сезонат,а но „Марка“ објави дека тоа нема да се случи.

„Нема големи шанси Меси да се врати во Барселона. Никој досега не му пристапил сериозно и мора да разговараат на оваа тема. Меси си замина против своја желба и во солзи. Тој смета дека Лапорта го изневери и предаде. Лапорта му кажал дека ќе остане, но се премислил во последен момент, а Меси тоа нема да го заборави“, пишува шпанскиот медиум.