„Марка“: Меси реши каде ќе ја продолжи кариерата!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шпанскиот медиум „Марка“ објави дека дознала од извори од Барселона дека Лионел Меси ќе остане во Каталонија и по завршувањето на сегашниот договор.

„Контактиравме блиски луѓе до Меси, а тие ни го кажаа истото. До пред неколку месеци поблиску била опцијата да замине, но сега ситуацијата се променила“, пишува медиумот.

Меси ги одбил сите понуди, а неговиот татко во моментов не преговара со ниту еден друг клуб.

„Меси е разочаран затоа што управата на ПСЖ зборува дека ќе го донесе. Причина е тоа што никогаш не бил во контакт со нив, а ги одбил сите менаџери кои пристигнале со понуди од другите тимови. Неговиот татко во моментов нема никакви преговори со било која екипа“, пишува шпанскиот медиум.