Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лука Модриќ со неговото господско однесување при доделување на „Златната топка“ и предавањето на истата на големиот ривал Лионел Меси ја воодушеви јавноста.
„Марка“, најчитаниот шпански медиуми, го пофали плејмејкерот на Реал и објави дека Хрватот им одржал лекција на Меси и на Кристијано Роналдо со неговиот потег.
Ниту Роналдо, ниту Меси не се појавија на церемонијата минатата година во Париз кога Хрватот ја доби наградата и ја прекина нивната доминација, па потегот на Модриќ покажува како всушност требало да се однесуваат.
Модриќ годинава ги посрамоти и двајцата, но во очите на спортската јавност стана уште поголем со пристигнувањето на гала-вечерата на „Франс Фудбал“.