„Марка“: Модриќ со најгрозната асистенција во кариерата докажа дека е гениј


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лука Модриќ оваа сезона е резерва во Реал Мадрид. Тој настапи само на пет од 14 меча како стартер, а така беше и на најголемото дерби против Барселона.

Модриќ на необичен начин му асистираше на Џуд Белингам за неговиот втор гол и победа на „кралевите“ од 2-1.

Најчитаниот шпански медиуми на интересен начин го опиша голот на хрватскиот репрезентативец.

„Модриќ докажа дека е гениј. Тоа беше неговата најгрозна асистенција во кариерата, но со тој потег покажа дека е генијалец. Затоа што асистираше за победнички погодок“, пишува шпанскиот медиум.