Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лука Јовиќ со своите настапи во дресот на Ајнтрахт Франкфурт привлече големо внимание, а на лето сигурно ќе ја напушти Бундеслигата.
Јовиќ сезонава постигна 25 голови во 39. меч за германската екипа, а утрово се најде на насловната страна на шпанска „Марка“.
„Јовиќ е новата деветка“, пишува „Марка“, која очигледно го претстави напаѓачот како ново засилување на Реал Мадрид.
Неговата цена изнесува 70 милиони евра, додека Бенфика ќе добие уште 20% од наредниот трансфер.
Менаџерот на Јовиќ, Фали Рамадани минатиот месец беше во Мадрид за да разговара со Реал, а тој исто така е агент и на Миралем Пјаниќ, кој исто така се поврзува со „кралевите“.
Tomorrow’s Marca – “JOVIC IS THE NUMBER NINE” – Marca claim that Luka Jovic is Real Madrid’s number one target to bolster their attack this summer. He would cost €70m if he was to leave Eintracht Frankfurt. The 21-year old Serbian has 25 goals this season pic.twitter.com/rxmzLx3kBh
— Jonas Giæver (@CheGiaevara) April 13, 2019