„Марка“ објави детали од „тивката битка“ меѓу Рамос и Роналдо


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Серхио Рамос и Кристијано Роналдо ќе се соочат за првпат по 2018 година, а тоа ќе биде меч меѓу Шпанија и Португалија.

Тие двајца беа дури девет години соиграчи во Реал Мадрид, а вечерва ќе се соочат на спротивните страни.

Шпанска „Марка“ пред мечот објави детали од нивната „тивка битка“, која се води веќе две години.

Рамос му замерил на Роналдо како се однесувал при доделување на „Златната топка“ на Лука Модриќ во 2018 година.

Шпанецот не остана во контакт со Португалецот, по неговот заминување во Јувентус, а најверојатно во текот на мечот ќе разговараат.

Роналдо дојде на последното „Ел Класико“ во Мадрид, но тогаш не му беше дозволено да влезе и да ги поздрави поранешните соиграчи.