„Марка“ откри колку ќе паузира Рамос по повредата против Германија


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Шпанскиот медиуми објави каква е здравствената состојба на Серхио Рамос, откако капитенот на Реал Мадрид сериозно ја повреди задната ложа во мечот против Германија во Лигата на нации.

Рамос најверојатно ќе ги пропушти следните три натпревари на Реал Мадрид, и тоа против Вилјареал, Интер и Алавес, а се очекува да биде подготвен за дуелот против Шахтер во Лигата на шампиони.

Шпанецот е важен за успехот на „кралевите“, а интересно е тоа што Реал загуби сеудм од осум натпревари во елитното натпреварување, кога Рамос не бил во екипата.

Тренерот Зинедин Зидан, сепак, има и добри вести, а тоа е дека Едер Милитао се вратил на тренинг, а за следните натпревари ќе може да смета и на Еден Азар, кој цела сезона има проблеми со повреди.